Уште подобро, сокриј се над Најт Таун, бидејќи Дупката е инвертирана, а нејзиното дно го допира небото, небото кое Најт Таун никогаш не го гледа, потејќи се под својот кров од акрилични раствори, горе каде Лоу Текс трчкаат во темницата како стаорци со црно-берзијанските цигари што им се клатат на нивните сенишни усни.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Се смирува водата, во неа затреперува лузната и струпот, се искривуваат големите срнешки очи и таа наведната над водата, трепери се до нејзиното дно...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Мајка ја имаше моќта да ја одржува својата самота, да слегува до нејзиното дно, што можеше слободно да се разбере и како сопствено допирање во душата, во која ги криеше реликвиите на своето минато.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„И остави ја чашката, големи несреќи нè гледаат од нејзиното дно!“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Седнав во неговата река но внимавав да не нѐ повлече нејзиното дно.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)