- Како забрзан филм летаа сликите од нејзиното детство.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Дел од таа цветна разновидност успеа да пренесе и во својот двор кој ја враќаше во времето на нејзиното детство, таму некаде долу на Југ.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Татко ми не беше расположен за тоа: - Во моментов не сум расположен за времеплов, оди со децата – рече и остана во една кафеана да го чека чичко Ацо Дукац, другар на мајка ми и негов, кој, бидејќи е директор на Градските кина во Скопје, беше службено на фестивалот, ама не работеше толку колку мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Прво и прво, во Битола никогаш пред тоа не сум била и од раскажувањата на мајка ми за нејзиното детство што го минала таму, тој град за мене имаше посебно значење.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Го замислував како нешто специјално, нешто сосема поинакво од градовите низ Македонија што ги познавам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мајка ми ми раскажуваше за разни случки од нејзиното детство, ми опишуваше како изгледала на таа, моја возраст, какво дете била, „занесено”, како твојата Мила, многу слична на неа, така ми објаснуваше, ми раскажуваше за игрите на улица, и за нејзиниот најголем предизвик што често ја измачувал ноќе пред заспивање: на полноќ да го изоди шеталиштето во Градскиот парк од едниот крај до другиот, сама, и да се врати назад, дома.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мајка ми немаше работа и нѝ предложи да нè носи во нејзиното детство.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Тоа беше чудна желба, од која ужасно се плашев, а многу ме привлекуваше, - рече таа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Битола остана засекогаш во нивните спомени. Градот на султаните и конзулите. Градот на нејзиното детство
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Татко ѝ одамна, уште од нејзиното детство, свесно или не, го подготвуваше постоењето на таа празнина, правејќи од Ана своја придружничка, соговорничка, довереничка, исповедничка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Со неа го прекрши и железното правило кое го имаше зададено за сите психоаналитичари: пациенти не смеат да им бидат нивните блиски, сеедно дали им се родители, сопружници, браќа и сестри, или пак деца, затоа што тоа би отворило можност за манипулација во секојдневниот живот, а самата анализа би претрпела неуспех.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Со некаква тага во гласот првпат кажа како имала голема желба да учи клавир, ама во нејзиното детство тоа било многу скапо.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И мама многу се зарадува кога ја слушна мојата желба.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Нејзиното детство не е изложено меѓу редови
ни дадено на повидок.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Мајка се подготвуваше да си ја разјасни првин за себе, па потоа за Татко и за децата, својата „грчка врска” која почнуваше од најраните години на нејзиното детство.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сега би напишал и стотици, илјадници зборови, за малкуте зборови што требаше да ѝ ги напишам, од моите чести и некогаш мошне долги престои далеку од неа, во моите долги дипломатски години, како одговор на нејзините писма со нејзината душа, напишани со чудесен краснопис, учен уште во нејзиното детство кај француските лазаристи во Солун.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сето тоа, а и многу други работи, ги беше научила од својата вујна Клементина, во незаборавниот Солун, рајот на нејзиното детство.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ја обземал постојан копнеж по оној Солун на нејзиното детство, по нежноста што ја покажувала вујната Клементина кон неа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Солун на нејзиното детство и Италија на нејзината младост, беа двете дестинации на нејзиниот животот, две патувања кои не престануваа во нејзината душа, двете носталгични точки на надежта, на животот, особено во поодминатите години на нејзиниот живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Не беше лесно да се трага по небото на Мајкиниот живот, по ѕвездите на нејзиното детство, по нивното тивко ноќно зрачење во ведрите години на животот, по миговите кога таа се ослободуваше од својата длабока внатрешна тишина и носталгично ни дошепнуваше по некоја нејзина, само нејзина тајна која не допираше до Татко или, кога ќе допреше, таа го немаше поранешното значење, значењето коешто некогаш го имала за Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се буделе спомените од нејзиното детство.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)