нејзин (прид.) - вредност (имн.)

Поетот Ален Гинсберг, иако далеку од тоа да се откаже од марихуаната како рекреативно средство, убеден е и во нејзината вредност во уметноста.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Г.Атанасовски е млад поет и ова му е прво објавување; неговата поезија има одредени слабости, но нејзината вредност се состои во снажниот и автентичен бес и револт, во прилично неартикулирана форма толку карактеристичен за помладите скопјани.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ваквиот однос на потценување на нејзините вредности лошо се одрази во практиката, снижувајќи го бараниот стандард, во некои случаи влијаејќи и на самата уметност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Поради овие пукнатини“, наведе вештото лице, ”сметам дека е пореметена стабилноста на куќата, а нејзината вредност намалена за 20-25% (усвојувам 22%).
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дури и во очите на двете омажени сестри на Даниел, во кои на почетокот откри студени критички погледи и процени за нејзината вредност, сега почна да гледа топлина и симпатија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нејзината вредност доаѓа од историјата на желбата во која, сеедно дали свесно или не, се обидува да го најде своето место...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ми се чини дека со мало задоцнување сепак научив да не грешам, и покрај фактот дека одамна веќе никој не чувствува потреба да ми ги лови грешките.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Станувам сѐ повеќе таков поединец, кој претпочита да проба, да вкуси, со еден збор човек кој првин ќе ја испита стоката а потоа ќе ја одредува нејзината вредност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи, газам внимателно иако тоа не мора да значи дека понекогаш не ги избирам лошите премини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам дека Пол де Ман беше оној кој, пред било кој друг критичар, најмногу се доближи до некаков одговор.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дали нејзината вредност - како што смета Џон Барт - е во тоа што тој напишал „оригинални книжевни дела, чијашто имплицитна тема е тешкотијата, а можеби и непотребноста, на пишување оригинални книжевни дела“?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Борхес треба“, пишува тој, „да се чита со очекувања поблиски до очекувањата на луѓето што се интересираат за Волтеровата conte philisophique отколку оние кои ги интересира романот на 19-иот век.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Де Ман ја отфрла филозофската компонента на неговата проза како можно објаснување за неговата оригиналност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)