Дури тогаш се збрчкале исушените гради и на камениот раб наскоро останало само купче прав.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Од топлите и набрекнати гради потекло млеко и, кога детето од иста крв и месо заспало на нејзините боски, таа запеала со глас што го придушувала само дебелината на камениот ѕид.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
По неколку дни ѝ замрел здивот, како и гласот, арно ама неподвижните гради не ѝ загубиле ништо од благото изворско изобилие, и заспаното дете во вдлабнатините на нејзините боски сè уште го слушало нејзиното срце.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)