нејзин (прид.) - болка (имн.)

И мислат на овој непознат маж, кој сега лежи ничкум свиткан во трапот и се прашуваат зошто ли толку упорно и страстно тој посакал да влезе во душата на старичката и зошто толку многу посакал да ги почувствува сите нејзини некогашни радости и да јa разбере нејзината болка, кога тука, наоколу, толку свирепо надвладеа омразата?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во моментот кога ја виде како паѓа врз врзаната рака, му се стори како нејзината болка да ја чувствува во сопственото тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И така избезумен од страв, ја почувстува нејзината болка во своето тело, смртна болка која е сепак помалку итна од битката да си го поврати здивот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бремето сѐ повеќе се оддалечуваше, со себе носејќи ја нејзината болка, оставајќи можност на спокојот полека да се избиструва.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Цело време додека траеше интервенцијата Виктор ја држеше Ивона за раце и сочувствуваше со нејзината болка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше жена и мајка и можеше да ја разбере нејзината болка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зборот болен беше како со прст да ѝ го покажуваше местото над колкот, во центарот на нејзината болка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа бучава, што нерамномерно се соединуваше во еден вид постојано кружење на земјата, сега се чинеше како да има некаква врска со центарот на нејзината болка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Неговата мисла крваво се превиткуваше низ него, барајќи некој сок, од кого ќе се напои и ќе престане да биде онака лепливо преклонета; ја среќаваше во себе како бара корито, по кое ќе потече, ги боледуваше сите нејзини болки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Навистина беше навредена од животот а не беше спремна да го искаже тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не сум сигурен од каде и како се појави помеѓу другите размисли оваа нејзина болка што никому му ја немаше речено.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, им нуди и збеснатата мајка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кој нема да сочувствува со нејзината болка, со нејзината вџашена неверба во свирепоста и неблагодарноста на ќерка ѝ?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веда им нуди силен симбол на геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како да беше малку нејзината болка, тоа што останува сама во рамната земја додека сѐ што ѝ беше мило замина со онаа црна змија натаму, на кај југ!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој се прекрсти и, оставајќи ја Костовица сама со нејзината болка, излезе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мама можеби и не можеше да не ја засече таа рана во мене – јас бев точката во која се среќаваа и се разделуваа сите нејзини болки: предвреме завршените мечтаења и бракот со човекот кој тукушто станал дедо, смртта на вториот син и одгледувањето на своите деца во беда, постојаните преселувања во сѐ помали станови, рибањето на подовите во домовите на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мојата мајка Амалија Натансон уште била во годините на невините мечтаења кога нејзините родители, без да ја прашаат, го договориле нејзиниот брак со трговецот со волна Јакоб Фројд, кој веќе бил вдовец и тукушто станал дедо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите тие нешта се среќаваа во мене, во моите болувања, во нејзиниот страв за мојот живот, затоа и ме мразеше толку, говорејќи со глас со каков се изрекува смртна пресуда, “Ќе беше подобро да не те родев,” затоа и ме сакаше толку, ме сакаше до заборав на сопствената несреќност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можеби и јас бев болката на нејзиниот живот, или бев онаа точка во која се среќаваа и разделуваа сите нејзини болки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа небаре со подземена сила продолжи: - И не знам, сине, за која нејзина болка да ти зборувам? Никогаш не ќе стасам сѐ да ти кажам.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)