— Направи забелешка Шаќир кога Толе почна често да се одделува од четниците само со Ќосото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ајде, нека има и кај нас еден маж без мустаќи, само срцето нека е машко, та мустаќите ни помагаат, ни пречат, — се нашакува задоволен Толе и ја зачисли својата светијованка Митра во својата чета како Мише Ќосото и го продолжи комитскиот живот во нејзина близина.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На луѓето им е јасна нејзината близина и неизбежност, па и моите филмови се спекулации и размислување за тоа.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Незалуд Фазлалах Рашид ад-Дин во својата “Огуз - нама” вели: “Кил-барак е земја во темната (т.е. северна) страна на светот, (во нејзина близина се наоѓа) границата на Кара Хулун, то-ест Земјата на мракот”.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во нејзината близина имаше многу хотели и викендички.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Тоа утро јас бев присутна во нејзината близина, и бев будна кога, откако сонцето ја пробуди, се сепна во сонот, протрлувајки ги очите.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Тето, те бара некој Ѓорѓе, - ја подвикна Рада тетка си, но остана во нејзина близина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
По извесно време дојде комисија од двајца инженери, ја прегледа куќата, го проверија земјиштето на кое лежи и констатираа дека куќата лежи на растресито земјиште, дека во нејзината близина тече река која е суводолица и во време на буици го подлокува коритото накај куќата; во дворот од куќата има бунар длабок 6 метри, чија вода е матна од пробивањето на реката или од подземните води кои тлото под куќата го прават нестабилно.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Се чинеше дека птицата не е свесна за нејзината близина и продолжи да трепери пиејќи од чашката на цвеќето и, пред да го брцне клунот во друга чашка, паузира неколку секунди во воздухот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Таквите сцени се случуваа и во бавчите пред работниците, тој не одбираше место, штом ќе се најдеше во нејзина близина таа или мораше да седне за тој да се смести во нејзиниот скут, или да остане простум кога набрзина ќе се счепчеше на нејзината половина чиниш како кога се качува по стеблото на некое дрво.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Но Денко скокна од петти кат - се обидов да ја изненадам додека ги преместував симидите од слободниот стол на креветот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ете, тоа ме дотепуваше, таа нејзина близина и истовремено толкавата оддалеченост што создаваше вистински бездни помеѓу нас..
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Водата течела с'та ношт; и кога утрината станаха, видеха долината покриена со вода.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Во нејзината близина ја направил својата куќа.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Стреде долината бил источник, кои се отворал и се затворал, и од кои пиеле вода и си переле кошули.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Тој не се сврти иако чувствуваше како целиот се топи од нејзината близина.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ја загадуваат оние што живеат во нејзината близина, а потоа имаат лице да се жалат на смрдеата и грозниот изглед.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Само така можев да си ја повратам таа нејзина близина, да го обновам детството во себе кое, поради неа, никогаш не ме напушташе, но чиј интензитет се смалуваше со текот на годините.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)