Господе, господе почнал отец Иларион да шепоти и да ѝ се оттргнува од рацете, но допирајќи го своето лице до нејзиното почувствувал возбуда по снагата и почнал пополека да ѝ се припива со телото, да ја разгрнува мантијата, да се распетлува, и во мигот кога требало да ја зграпчи, да ја впие во себе - погледал кон прозорецот, чул нешто, се исплашил, викнал Боже спаси ме и избегал надвор.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)