нејасен (прид.) - страв (имн.)

Звуците што се вртеа околу неа в круг ја исполнуваа со нејасен страв.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не фолираше во тоа одредено време на месечевото движење и раѓањето на невидливите призраци и страшила во тие летни, запарни ноќи, кога неговото далечно детство со глувчешки скокови го прерипуваше подот на скоро празната соба заградена со жици на нејасен страв, тој недозволен грев роден од сенките и мрзнењето на светлоста.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но остана лузна на залудност, зазор и нејасен страв.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сѐ во целиот кварт, и во хотелов овде, беше глуво и јас чувствував нејасен страв.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Рози почувствува како виното ѝ изби на нејзините бледи образи. Ѝ го стопли и срцето, и покрај сето тоа, одвреме навреме низ телото ѝ минуваа бранови студенило - нејасен страв.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не можам да си го објаснам часот и нејасниот страв што ме натера да ја спуштам секирата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Нецел месец подоцна, откако е сместен во лудницата во Сен Реми, Винсент му пишува на Тео: “Сакам да ти кажам дека направив добро што дојдов овде, пред сѐ кога ја гледам реалноста на животот на лудаците и на разни чукнати типови во оваа установа, го губам оној нејасен страв, стравот од лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа, малку по малку, доаѓам во состојба да го гледам лудилото како болест слична на секоја друга болест.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Штом ќе се разбудев, а јас секогаш се будев порано од моите сестри, одев во кујната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега можев да одам во задниот двор со моите сестри кои таму си играа со децата од соседството, но некој нејасен страв ме тераше да останувам покрај прозорецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)