неумолив (прид.) - закон (имн.)

Тој, што мечтаеше потполно да ѝ се предаде на магијата на слободната фантазија, беше закотвен за почвата од обичните, а неумоливи закони за секојневното однесување.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Но тој се лажеше, зашто не ги познаваше неумоливите закони на љубовта, иако знаеше дека уште премудри Соломон рекол: „Можеш ли да си туриш жар в пазува, а да не ти изгори кошулата?“
„Послание“ од Блаже Конески (2008)