Токму преку тие доминантни културни облици, дискурси и жанрови тој успева да си изреже себеси упадливо нестандардна положба на полето на родот и сексуалноста.
О’Хара си го претставува односот кон плакатскиот наслов како однос на помешани лековерност и скепса.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
О’Хара тука ја присвојува амбиенталната мелодраматичност на конвенционалниот новинарски дискурс – со неговите изнасилени наслови што привлекуваат внимание, со запенетата фасцинираност од животите на јавните личности и на ѕвездите и со возбуденото чувство на драматика што го внесува во известувањето за тековните настани во вестите – за да го воспостави сопствениот дисидентски однос кон главнотековните жанрови, дискурси и културни облици што ја дефинираат конвенционалната хетеросексуална мажественост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Себеси се прикажува и како простодушник и како разочаран критичар на надуениот новинарски дискурс кој го користи како стомакозборец.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Песната излезе во неговата збирка Песни за ручек во 1964 година.369
Лана Тарнер паднала!
поттрчнував и наеднаш
ете заврна и заснежи
а ти рече дека паѓал град
но град те мава по глава
силно, па затоа сепак снежеше и
врнеше и толку ми се брзаше
да се сретнеме, но сообраќајот
беше баш ист ко небоно
и одеднаш гледам наслов
ЛАНА ТАРНЕР ПАДНАЛА!
нема снег во Холивуд
и нема дожд во Калифорнија
на многу журови ме имало
со поведение крајно срамно
но не ми се случило да паднам
о, Лана, те сакаме станувај.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)