Но и покрај нејзиното непресметливо однесување кон искасапените органи на несреќните животни и спремноста докрај да расчисти со тој несреќен булук, страдањето и мукањето на добитокот постојано се зголемуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Овде ќе го спомнам и Денко Самоников, иако неговиот плач и избезуменоста на животните од месарницата не трпат никакви споредби.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Завидлив беше Писмородецот, и затоа, во моите сказанија си го претставував отец Пелазгиј како молец, или барем се утешував со помислата дека во некој претходен живот (во тоа чудо, претходен живот, само јас единствен од сите отци верував) засигурно и верно бил молец, оти зависта ваистина е молец: таа, како и несреќната животинка ја јаде рубата во која се родила: зависта го јаде срцето, ја нагризува душата, го сакати телото.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)