несомнен (прид.) - авторитет (имн.)

При изборот на секој непобеден, односно останат турцизам во балканските јазици, Камилски го очекуваше коментарот на Татко, кој почнуваше да има несомнен авторитет како балкански ориенталист пред својот пријател...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Цариградската кадиска диплома ќе му помогне на Татко во остварувањето на десетгодишната судиска и адвокатска кариера во монархиска Албанија, служејќи како кралски судија во неколку албански градови, а на крајот, кога не можејќи да се помири со режимот, и да отвори адвокатска канцеларија во родниот град Поградец на самата граница крај Охридското Езеро, каде што неговото потесно и пошироко семејство уживаше несомнен авторитет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
LII Татко, вдлабен во потрагата по турските заемки, според последниот договор со Камилски, чувствуваше дека влегува во процес на кој не му се гледа замислениот крај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)