нервен (прид.) - напад (имн.)

Но, сево ова е ништо наспроти едно прашање што во последно време сѐ почесто ми го поставуваат божем на мајтап, ама сепак сериозно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Понекогаш нервниот напад му иде и кога ќе чуе некој да расправа за војната или да види во весниците слика од борбите: тогаш испушта гласови слични на митралеско пукање, кркори и трча со испружени раце како да држи митралез и вика: ”Јуриш! Напред!” и фрла пена од устата...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
(Растура мебел како во нервен напад. Нове поаѓа на него. Кристина го сопира.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А кога, пак, брат ми ќе ми рече, ајде Бреза, смири ги хормоните, е, тогаш навистина добивам нервен напад.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)