непријатен (прид.) - ситуација (имн.)

Притоа не заборавајте дека покрај вас, поради ова можеби и случајно недоразбирање, во непријатна ситуација се наоѓаат уште и вашиот предлагач како и сите други учесници во преземените активности околу крајната реализација на една покана.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се сеќавам, секогаш кога некој од мојата фамилија ќе западнеше во непријатна ситуација, нана ми, најискрениот почитувач на Исусовиот катихезис, ќе му речеше: „Веди глава, трпи, и тоа ќе помине!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Мојата хиперсензитивност знаеше во многу моменти да ме доведе во крајно непријатни ситуации.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Потсетуваше на неприготвен ученик. Се нишаше и со несигурен глас говореше брзајќи да ја скрати непријатната ситуација.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Да се соблечам, може? - ја прашав тетка Олга, со надеж дека некако ќе се реши непријатната ситуација.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Братучед ми сигурно се вознемири затоа што шепотот му прејде во тивок, од нервоза растреперен говор: - Не сум стоел јас кога сум мочал, тоа... - не успеа да се доискаже бидејќи тетка ми го прекина со едно гласно „шшшшшт!“ па братучед ми повторно повтори со шепот, како претходно да не го слушнале.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мислам дека човекот кој не може да се корегира е во многу непријатна ситуација.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)