непријатен (прид.) - мирис (имн.)

Измореноста се пробиваше низ неговата кожа и пушташе непријатни мириси од време на време и секогаш кога му се чинеше дека ја гледа како се лизга оддалеку, танка, нечујна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Фимка почувствува непријатен мирис на пот и крв.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Минаа крај куќата на Аврам Сујак и во носот ги штипна непријатниот мирис од кожите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ја веќе ја сипав третата чаша од Смрдевката и со благотелечи поглед ги посматрав одлучните потези на Парољуб Шврчковски како сѐ уште брца у грчките маслинки, а притоа осетив непријатен мирис на расолница за што бев сигурен дека беше прдежот од Далибор Чмаровски Чмаро, кој таа вечер за чудо не пушти ниту глас туку мудро го прелистуеше новиот билтен од Бронзената копачка на Санчо Панса.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)