непознат (прид.) - туѓинец (имн.)

И како ќе бидат сфатени тие мои објаснувања од оние љубопитници, кои по правило малку им веруваат на туѓите зборови, а уште помалку можат да ја почувствуваат болката што ги измачува непознатите туѓинци кои којзнае од кои причини го сместиле својот живот толку далеку од нивните улици и прозорци а притоа и толку високо?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но за мене сепак остана тајна, што најмногу влијаело при донесувањето на одлуката: дали човекот- младич, неговиот пристап, начинот на кој и ја поднел понудата, неговиот изглед, или самата самата порака содржана во понудата да тргне со него кон планината бидејќи во тој негов предлог таа го открила наеданаш сонуваното небо но и поинаквиот живот што може да се случи таму негде, високо?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но сепак конкретната причина за тој најнеобичен и највозбудлив потфат да го напушти животот покрај реката и да се упати кон Сина Скала била средбата со непознатиот туѓинец, војникот на бел коњ, кој всушност ја повел по патот што водел кон планината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Верувам дека токму поради тој превез од познатото лице наскоро ќе ми се насмевнува непознат туѓинец).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)