Со дождец ѝ се заканува дека танцот ќе го прекине, боите ќе ѝ ги измие и во непознат правец ќе ја однесе.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Ветерот во едрата некогаш е тивок и нечуен, а некогаш толку силен што кормилото на животот скршнува во непознат правец, судбината со своите опструкции те предизвикува да играш по нејзини правила.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И упорно си повторував во себе,додека преку два аеродрома и осум илјади километри воздушен простор летав кон непознат правец над Атланскиот океан: - Ако заборавам, сѐ ќе изгубам!
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Брајан Џонс и Нико беа добри пријатели, па тој и Дилан едно попладне заедно влетаа во Фектори, додека Велветите пробуваа, а јас со Дејвид Витни и Дејвид Вајт ги правев Сребрените Јастуци за мојата следна изложба во Кастели која требаше да се одржи во април. (Ги искористив и за Денс концертот на Марс okno.mk | Margina #15-16 [1995] 111 Канингем и навистина бев приврзан со нив: додека ги правев, имав впечаток дека мојата уметност исчезнува, како моите слики да одеа од yидовите и одлетуваа од нив во некој непознат правец).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во февруари Ролинг Стоунс беа во градот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Еднаш намина и глумецот Бил Мареј, дебело подмачкан. Ни подели секому по дваесет долари и исчезна во непознат правец.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Убиецот на покриви престана да го набива капакот од автомобилот, затоа што другарите го одвезоа во непознат правец.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Марко се почувствува засегнат. Кога таа се врати ѝ рече: „Ако не го однесеш во непознат правец, кога ќе го вратиш, ќе ти го земам... Да знаеш!“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се дешава, додуша, некад да се разбуди Неандерталецот у тебе и несакајќи да го зафучариш пикавецот у непознат правец.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Оттаму и незадоволството на Дикинсон кога во октомври 1944 година ја известува својата централа дека ГШ на НОВ и ПО на Македонија, на чело со Апостолски, "заминале во непознат правец без да го известат", со што било оневозможено спуштањето воен материјал, поради неможноста да се лоцира неговото место.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но, на 29 септември 1944 година, мајорот Дикинсон, кој сè уште немал контакт со ГШ на НОВ и ПО на Македонија, добил информација преку Радио Анкара дека командантот на ГШ на НОВ и ПО на Македонија, Михаило Апостолски, заедно со Светозар Вукмановиќ-Темпо, "се вратиле од Софија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Поривите скршнуваат во непознат правец.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)