Одевме и јас во носниците го чувствував познатиот, за мене речиси анестетички мирис на лакот за железнички прагови; од детството тој мирис ме возбудувал, ми носел возбуда како да сум пред голем и непознат пат, ми ги опивал сетилата и ми создавал раскошни визии.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Вртиме по некој нерамен и непознат пат и сѐ наоколу ни е непознато.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тогаш си помислив дека, ете, и ние сме веќе големи штом тргнавме по непознат пат.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Оној што ги поведе кои некаде низ село го знаеше патот па брзаше напред, а тие се сопинаа и прескокаа камење по непознатиот пат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)