Понекогаш ќе се штрекне од некој чуден, непознат глас, на кој не му го знае потеклото и кој го збунува.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Велам: непознат глас шета низ мракот, низ зацрвенетите јаболки, по избеганите коњи, во изобилието на летото...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
- Добар ден; - ме отрезнува непознат глас. Се свртувам.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Потоа паднал нудејќи ѝ ја крвта на смрзнатата земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бил повеќе во исчекување отколку исплашен - очите му се стиснале како на човек кој наслушува непознат глас од далечина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеше и да ме повреди додека се затвораше!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Којзнае до кога ќе останев во позата на ѕиркач ако не ме сепнеше некој груб непознат глас.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Не ви личи таквото однесување, комшија - ми се обраќаше гласот подбивно.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Така е сепак подобро - дошета уште еднаш до мене непознатиот глас и во тој час тресна некоја врата која изгледа стоеше пред мене; зјаела пред моето лице а јас дури сега ја видов, и тоа затворена; некоја врата која изгледа висеше обесена во воздухот!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Повторно ја слушав Големата вода, стоев на највисоката карпа, повторно се јави оној непознат глас, таа жена, мајка.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сонот никако не доаѓаше, бев во треска, во бунило, позаспивав и како штрекнат се будев, ме будеше некој непознат глас, ме довикуваше да станам!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тоа беше оној непознат глас што деноноќно ни се јавуваше, што нè водеше кон Сентерлевиот рид.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Таа ќе дојде, - еден непознат глас ни се јави, една непозната жена сета во црно полека доаѓаше кон нас.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Трагајќи по непознатиот глас повторно влегуваш во дворот на детството пречекан од ѕвонливи одамна слушнати зборови што сега блескаат со нов неделен сјај
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
- Добар ден; - ме отрезнува непознат глас. Се свртувам.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)