неочекуван (прид.) - настан (имн.)

Тешко можеше добрината на нејзиното лице да ја промени кој било неочекуван настан.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ти беше првиот амбасадор кој ја поздрави новата држава!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само уште да напоменам: се лажам кога настојувам да се уверам дека исчезнувањето (воопшто и ако се случило) беше некој неочекуван настан.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разделивме. Повеќе никогаш не се видовме. Бев импресиониран од неочекуваниот настан.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неочекуваниот настан, со откривањето на ова изветвено тробојно парче платно во семејството, за Татко беше и добар повод да „расчисти” со Мајка за некои делови од „италијанското прашање” во кои беше вплетено семејството и чии последици би можеле, во текот на животот, да се одразат врз децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)