неостварен (прид.) - илузија (имн.)

Сите книги како да беа останати со недооткриени значења во функција на неговиот незавршен ракопис за Историјата на Балканот низ падовите на империите, најголемиот предизвик да трагам по неговото време и неостварените илузии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа можеби и беше една од причините, во наследените таткови книги, чие значење го проширував во потрагата по историјата на постоењето во неговиот живот, го имав чувството дека не сум сам, дека сум силно со него, со неговото присуство, со длабокото размислување, со неговата жива присутност, неостварените илузии во големата потрага на патот на спасот на Балканот за своите чеда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Долго време зборуваше турски со својот ѕвонлив цариградски акцент со својата тогаш среќна мајка, последна утеха по нејзините неостварени илузии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеше да остане и во Париз, но и тој подјаден од синдромот на враќањето, како, можеби, Татко од останувањето во Цариград, како да имаа заеднички судбини, еден ден да се сретнат со заедничките неостварени илузии од младоста барајќи тоа да се оствари во староста!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И тој, како и Татко, фанатично веруваше дека единствениот спас за нив и за нивните семејства, по сите пропуштени шанси во нивните ветувачки кариери, едниот во Цариград, другиот во Париз, нивната последна утеха, беа книгите, само со нив и во нив се чувствуваа како победници со неостварени илузии. И само книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)