По изминувањето на осум работни дена од објавувањето на огласната табла се смета дека врачувањето е извршено (чл. 75, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Неосновани причини за откажување на договорот за вработување се: 1) членство на работникот во синдикат или учество во синдикални активности во согласност со закон и колективен договор; 2) поднесување тужба или учество во постапка против работодавачот заради потврдување на кршење на договорните и други обврски од работниот однос пред арбитражни, судски и управни органи; 3) одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство или нега на член на семејството; 4) користење одобрено отсуство од работа и годишен одмор; 5) отслужување или дослужување на воен рок или воена вежба и 6) други случаи на мирување на договорот за вработување утврдени со овој закон (чл. 77, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Доколку работникот во тој период не примал плата, му припаѓа надомест во висина на најниската плата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работодавачот е должен да му исплати на работникот надоместок на плата за денови и часови, колку што изнесува работната обврска на работникот на денот кога заради оправдани причини не работи (чл. 112, ст. 3-7 од ЗРО). 3. Меѓудругите, неоснована причина за отказ е и одобреното отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и роди- телство и нега на член на семејството (чл. 77, ст.1, ал.3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во контекст на оваа измена кршењето на работниот ред и дисциплина веќе не се смета како лична причина на страна на работникот, а сега ваквото поведение е издвоено и подведено како засебна причина (на вина) поради која работникот може да добие отказ (чл. 15 од ЗИДЗРО/фев.13); в) новитет е обврската на работодавачот да ги наведе во писменото образложение основот за отказот кој мора да биде утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот и докажаната основаност на причината која го оправдува отказот (чл. 17 од ЗИДЗРО/септ.10); г) се интервенираше и кај листата на неосновани причини за отказ дадени од страна на работодавачот, кои беа дополнети со неплатеното родителско отсуство како основ по кој не може да се даде „оправдан“ отказ (чл. 1 од ЗИДЗРО/дек.13); д) две промени претрпе и склучувањето на променет договор пред отказ, едната само техничко- терминолошка, а втората посуштинска.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)