Но се случуваше и во доцните ноќи, кога сите беа заспани, а само Татко, останат буден крај своите книги, да се слушаат необични звуци, во куќата, крцкање како говор што доаѓаше од неодредено место, во времето коешто Татко не успеваше да го протолкува до доцна во ноќта.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога со палецот од левата рака си ја раздели густата брада на образот, несвесно чешкајќи ја додека даваше наредба каде да се постави стражата таа ноќ, тој ја виде лузната, сега веќе само долг побелен засек по лицето што подостарело.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во Козар Маало, блиското Пошта Маало и околината, живее во разбирање, пријателство, солидарност, притекување на помош, делење на заедничкиот леб на сиромаштијата на повоените години цел еден мал свет, на стравот од неочекуваните упади на власта: побројните Македонци, Албанци, Турци, Срби, Унгарци, Руси, Грци, Бугари, Хрвати, Французи, Ерменци, Евреи, Власи, Роми и други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Додека му ја подаваа пушката, командантот гледаше во некое неодредено место, правејќи крукчиња од чадот на цигарата што ја пушеше.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)