Зачадената ноќ со многу ветви и избледени ѕвезди му одговори со некој свој недоизјаснет шум - да, Оче Симеоне, и ти си мртов на необјаснив начин; се движиш далеку од животот во мртви простори и проколнат си род на кукавица што те оставила во туѓо гнездо. Мртов!
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Изминатите месеци не работеше ништо; две години беше вработен во еден институт за патологија, што значи дека околу две илјади трупови минале низ неговите несвесни раце; на некој необичен и необјаснив начин тоа го беше истоштило.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Прераскажувајќи му го животот на она трето лице за кое самиот себеси се смета, чувствува во последно време чудна осаменост во оној дел од внатрешноста, кој за жал не може да се опфати со обично зборување и кој, на необјаснив начин започна да се исполнува со празнина и тоа таква, што го поттикнува да чувствува сомнеж.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Уште еднаш бараше сила да гледа директно во лицето на човекот што страдаше, кој беше причина за неговото измачување, и повторно ја најде потребната сила во лицето што личеше на маска, кое на некој необјаснив начин го потсетуваше на челичен катинар, кој цврсто држеше некоја недостижна тајна.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Што всушност опфаќа „нашето“ тело?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
„Погледнато наназад, првата книга беше наивна“, вели тој.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сепак, пред една година се распродаде оригиналниот тираж од 10 000 примероци, што беше една од причините да го направи продолжението, „Екстази и Денс културата“, своевидна ревизија/ремикс на оригиналот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во секоја перцепција на „нашето“ тело на необјаснив начин е содржана и перцепцијата на надворешната телесност која влијаела врз него.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)