необичен (прид.) - сон (имн.)

И, да признаам: и покрај болките и грдата несоница, па и неизвесноста во која се наоѓав, многупати ќе забележев дека ме водат чудни мисли; дека во тие ноќи во дворот на Басотови тонам и во необични соништа!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можам дури да потврдам дека тој гердан на вратот на Цвета Басотова во летните ноќи многу пати го имав видено населен со безброј ѕвезди!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи јас сум подбрканиот и секогаш сум во очекување на тој непознат настан кога и вистински нема да ме одмине многу спомнуваната горчлива чаша од Новиот завет и тоа само затоа зашто негде сум го спомнал мојот необичен сон.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Никола виде сон, многу чуден необичен сон: исправен пред ветарот довикува по слободата...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Свесна за незгодата пред која ги ставив, побрзав да го напуштам апартманот и во мигот кога го минував прагот, човекот изговори еден збор кој имаше некаква врска со психоанализата или психијатријата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Залудно е да се претпостават настаните колку што е можно најрационално, информирајќи се, размислувајќи и притоа не може да се спречи потсвесното да ги следи своите патишта, кои се многу помалку рационални. Mи се случи околу 20 марt да сонувам необичен сон.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
24 Маглата се поткрева над котлините визијата станува стварност стравот се обвистинува: се наѕира клисура, амбис сур живописна урна серт рис се задава од сртовите како сираче, но отмен и дрско убав, би рекла смртно личен само ревот негов ни бие право в лице насекаде околу-наоколу мене и тебе, синко мој бие бијно, очебијно а сепак кревко небаре може да се сотре да се изгуби место нас со еден замав на главата со едно затнување на устата со еден потег на четката со мал премаз боја со нов слој малтер со обично будење од длабок сон ама будење нема, веќе нема назад и тебе те нема Младост моја само необичен сон, збор и допир само задоцнета потрага по изгубеното може да те оживее како свет - но литературен како сенка на сенката „што било, пак ќе биде“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)