Помислува и на овците, време е кога се јагнат, и си помислува и за нив да го праша Васила, но при ненадејна помисла на убиството на стрика Анѓела Јанчески и при помисла дека тој и другите имотски луѓе штотуку се вратија од неговиот закоп, сето тоа му се чини толку дребно и толку себично од негова страна што само изустува Добра ноќ и по патеката направена во снегот зачекорува кон господарската зграда.
               
             
           
            
            
              „Потковица на смртта и надежта“
               од Миле Неделкоски 
              (1986)