некогашен (прид.) - голем (прид.)

Балканот за татко ми беше мал уште попроклет Вавилон, од некогашниот голем, универзален и митски Вавилон.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пораките на освојувачите на каменот можеа да се сметаат и како нивни епитафи на некогашната голема моќ.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Празникот Преображение поминал и сега сѐ околу него е тивко и во неколкуте викенд- куќички поназад таму, на местото на некогашното големо село, е тивко.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Патувањето со ова вовче, наспрема големиот воз Балкан-експрес со кој и покрај некогашната голема желба на Татко да продолжиме кон западна Европа не отпатуваме никогаш, ни се чинеше како да нѐ носи во небото, до некој облак, како во слика на Шагал.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)