некогашен (прид.) - професор (имн.)

По оваа размисла за идеалистичкиот подвиг на Камилски и кога виде дека ништо не може да промени, освен да појде во Клиниката и да најде изговор за одложување на операцијата за други времиња, Сотир Пасакли со сосем друг тон му се обрати на својот некогашен професор, кога слегоа во холот на хотелот: Јас, почитуван професоре, имам, на крајот на краиштата, и разбирање за Вашата постапка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со неговиот брат, амбасадорот Нијаз Диздаревиќ се бев сретнал пред многу години, кога мојот некогашен професор и пријател Паскал Сотировски, ѕвездогледец и добротворец од редок ков, ме одведе со себе на прием во резиденцијата на југословенската амбасада во палата кај Паси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сотир Паскали зачудено го гледаше својот некогашен професор Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се сетив на претходната средба, во истиот кабинет, пред заминувањето, пред точно четири години со тогашниот сојузен министер за надворешни работи Раиф Диздаревиќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)