Паралелно со оваа опишана тужба, Божиновски, како што веќе беше споменато – по отказот, добиен во јуни 2005 – преку истиот адвокат, поднесува и нова [втора] тужба, но сега по други две основи: – прво, неисплатен регрес за годишен одмор (К-15) – за овој прв основ интересно е тоа што, за време на судската постапка, работодавачот ја криеше завршната сметка за претходната година и лажно изјавуваше пред судот дека, поради наводна загуба во работењето, на никому во фирмата не бил исплатен ваков регрес. – второ, недоисплатени плати како испратнина/отпремнина, по основ на прогласување за „технолошки вишок“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Па така, на Вујошевиќ ѝ се досуди сума во вкупен износ од 66.845 МКД (1.100 ЕУР) и тоа: а) на име неисплатени плати – 54.486 МКД; б) на име неисплатен регрес за годишен одмор – 5.400 МКД.; в) на име неисплатен надомест на хранарина – 4.379 МКД; и г) на име неисплатен надомест за превоз – 2.580 МКД.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
После неколку рочишта и по комплетирањето на доказната постапка,5 судијката (С. Геровска Попчевска) – во јануари 2003 – донесе пресуда во корист на тужителката, со која делумно се усвојува нејзиното тужбено барање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со наведената пресуда е задолжено туженото претпријатие да и исплати сума во вкупен износ од 6.804 денари (110 ЕУР) на име неисплатен регрес за исхрана за период од четири месеци [јули–октомври 2002], зголемен за законската камата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, бидејќи немаше досудени времени мерки за времетраењето на спорот, таа – потпаѓајќи под финансискиот притисок на секојдневието и, мимо решението кое го беше добила од Фондот за ПИОМ, про- должи да оди на работа со полно работно време од осум часа дневно, како би можела да добива и хранарина – која сума, барем за неа, не беше воопшто за занемарување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Оваа одлука тужениот работодавач, преку својот полномошник (Б. Гачевска), благовремено ја обжалува пред Апелациониот суд Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пресудено беше во корист на Божиновски – по што работодавачот беше должен, во рок од осум дена по приемот на пресудата, да му исплати вкупна сума од 140.822 МКД (2.310 ЕУР) на име „минат труд“, зголемена за затезната камата и плус да му ги надомести парничните трошоци во износ од 28.572 МКД (470 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)