Тука следуваа, пак според пусулчето издиктирано во штабот, попатните ликови на најзаслужните ударници и командири како работат или покажуваат како се работи, светнати во лицата од насмевки, а не од пот, па бригадите во строј со алатите преку рамо и песни на устата, со развеаното знаме на чело и неизбежниот водоносец на опашката.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)