незавршен (прид.) - сон (имн.)

На сите деца коишто еден ден, кога ќе станат родители, своето детство ќе го сонуваат како незавршен сон, возбудлив и неповторлив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Зарем овој уште незавршен сон од детството од крајот на четириесеттите години, кога како кревки деца заспивавме со мислата дека Сталин е можеби – пред врата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Секогаш населени крај води, ние останавме, небаре осудени да го сонуваме големиот незавршен сон на заминувањето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И незавршениот сон на среќното враќање.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)