Сите книги како да беа останати со недооткриени значења во функција на неговиот незавршен ракопис за Историјата на Балканот низ падовите на империите, најголемиот предизвик да трагам по неговото време и неостварените илузии.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во мигот стануваше свесен, ако овој ракопис еден ден излезе на светлината на денот, посебно место треба да им биде посветено на обичаите и традицијата, посебно исхраната, на Турците, кои носејќи ги шаманските корени со Кинезите, Индијците и Персијците, во XI век ќе се најдат пред вратите на Мала Азија, колепка и простор на минување на повеќе цивилизации, какви што биле Хитите, Лувитите, Хуритите и Скитите, за потоа да ги примат и влијанијата на западната цивилизација во којашто влегувале и Феникијците, Римјаните, Византијците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И во својот незавршен ракопис на својот живот за Историјата на Балканот низ падовите на империите, причините за трагизмот на својот народ не престануваше да ги бара во хроничната и ендемична изолација во текот на вековите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Додека го слушаше Камилски, Татко навраќаше во мислите на празните места на својот незавршен ракопис за Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)