Соочен во моите дипломатски години со палестинското прашање, во еден значен период од неговото постоење, кога се одвиваа крвавите чекори на судирот, кога се најдов во Тунис, непосредно по бомбардирањето на позициите на Арафат, потпирајќи се врз инструкциите кои ги добивав од Централата во Белград, како застапник на земјата при ПЛО, подоцна и како амбасадор во државата Палестина, по прогласот на Арафат во 1988 година, напишан од Махмуд Дарвиш, размислувајќи и чувствувајќи ја драмата во Картагина, јас често барав одговори во татковата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите, во која имаше едно незавршено поглавје - за историјата-лавиринт...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Палестинците на чело со Јасер Арафат ќе се најдат во вистински дипломатски лавиринт, во кој политиката чекор по чекор во решавањето на судирот, кој претставува една од отворените рани на планетата Земја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Учеството на Мајка во балканската историја беше директно, посебно низ историјата на нејзините страдања во спасувањето на децата, на семејството, во времето на војните и на преселбите, додека Татко речиси целиот живот ја пишуваше својата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Не изостануваше ни Мајкината поговорка. Мајка, за прв пат, покажуваше пожив интерес за историјата на својот народ, за Татковите историски книги, за неговата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тој беше свесен дека изборот на (безопасните) балкански ориентализми што го правеше со Климент Камилски, ќе можеше, покрај другото, да послужи за показ на балканските ориенталисти и балканолози да трагаат по тоталитетот на балканскиот историски процес што нему тешко му успеваше во неговата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)