нежен (прид.) - тон (имн.)

Ги именуваше со разни милозливи имиња, ги прашуваше дали им се допаѓа гозбата, секогаш со нежни тонови.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Токму таа скромност, спремноста секогаш со насмевка да се прифати своето (секогаш мало) место во светот, му го дава на Кејџовото дело оној нежен тон на ведрина и радост, квалитет на нешто вистински хумано, блиско без сентименталност и патетичност, што е можеби негова најособена човечка карактеристика и специфичност на неговото дело.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Најнапред тивки, нежни тонови полека ме успиваа, а потоа стануваа се посилни и посилни и ме будеа во ноќите и многу силно го посакував и тивко го изговарав неговото име Оливие...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)