На мир нека се развива. –шепотеше со нежен глас Невена, држејќи го стомакот со двете раце.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Со последното крајче од свеста го регистрирам нежниот глас на спикерката...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Нежниот глас на спикерката и благата музика ги следеа заледените фотографии на советските градови во кои живата се симнуваше до 40 степени под нулата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Штом го здогледа онака беспомошен во таа длабока дупка, му рече со божемно нежен глас: - Што правиш Зајко во дупката?
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
- Ех, Зајко, што ти паѓа на ум, зарем сега, кога си во неволја, да имам такви лоши мисли? - зборуваше Лисицата и натаму со престорен нежен глас.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Пак почнува со нежен глас за некакви мои татковски обѕири убедена дека ќе ме расчувствува со солзи, со притаено липање што божем ја подргбавува.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Влегов. Тој ми се приближи и ме прегрна.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се двоумев за миг дали да се преправам дека не сум го чула и да поминам натаму или...кога тој уште еднаш повтори со многу нежен, неочекувано нежен глас: - Брезичке, Гонцо, влези нешто да ти кажам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Со нежен насмев кој заблеска дури до очите на самовилата, и уште понежен глас, тој одговори: - Ако е речено од господа и од кралот Вок со едно око “печеното“ ќе си дојде само по себе.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Пак почнува со нежен глас за некакви мои татковски обѕири убедена дека ќе ме расчувствува со солзи, со притаено липање што божем ја подгрбавува. Бледа е. И скромна.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Татко ѝ ги зеде двете раце, а потем ѝ рече со нежен глас: – Одлучи, мила моја, да патуваме мојата љубов кон тебе. Нашата љубов!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)