нежен (прид.) - галеж (имн.)

Д-р Максимилијан Мертен задоволно ја брише устата со салвета по обилниот појадок, не брзајќи да се сретне со оној снисходлив Евреин што моментно раководи со солунската еврејска заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Вчера ја закопавме мајка ми и ги откопавме заедничките спомени: вареното млеко без кајмак и со многу шеќер, врелиот сутлијаш посолен со цимет, букетите црвени булки на првомајските излети, облогите на детското чело и гради кои го цицаа огнот, па предупредувањата дека во секоја вода има аждер пред да тргнеме на риба на реката или на капење во градскиот базен, нежните галежи кога од некого ќе добиевме завратница за спомен и долго сеќавање...
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Ја сонуваше Гита среќна што го гледа, ги чувствуваше на скочанетото тело прегратките на децата, го сонуваше мирисот на чистата постела, мирисот на целерот од супата што му ја принесуваше Гита, мирисот на нејзината кожа, нејзиниот допир, нејзините нежни галежи...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Веднаш научиле дека и со испукани и плускави раце се прават нежни галежи и на крајот на секој месец во комбинатот на новиот живот го освојувале преодното знаменце за љубов и нежни галежи.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)