недопрен (прид.) - простор (имн.)

Загледана во некоја замислена точка на бесконечноста се обидувам да му напакостам на сопственото тело, зошто душата и така ми е одамна затруена од отровот во белите цветови што растеа во недостижноста на тоа веќе загубено време.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во тие часови на уништување наоѓам само пепел, кремирани спомени од тој одамна недопрен простор.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе живееме во тој свет кој за нас ја поседува сета вознемирувачка необичност на пустината и симулакрумот, со својата веродостојност на живи фантоми, скитнички и симулирачки животни кои што капиталот, кои што смртта на капиталот ги направи од нас - бидејќи пустината на градовите е рамна на песочната пустина - џунглата на знаковите е рамна на шумската џунгла - занесот со симулакру­мот е рамен на занесот од прородата - останува уште единствено омамува­ чката заводливост на еден умирачки систем, во кој работата ја покопува работата, во кој вредноста ја покопува вредноста - оставајќи некој недопрен простор исполнет со страв, без проодени патеки, непрекиден како што го замислил Батај, каде што само ветерот го подига песокот, каде што ветерот бдее над песокот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)