неделен (прид.) - ден (имн.)

Во кусите неделни денови го посетуваше гробот на дедото Костадин, палеше свеќи на него, водеше нем дијалог со сестра си Добра и со Чана, ама никако да се натера во долгите ноќи да напише писмо.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Неделен ден и неделен ручек. Ручоците во неделите се обврска на Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во неделниот ден, кога се враќавме од гробиштата, од прозорецот на автобусот случајно го здогледав татко ѝ на Марина и со него истата млада жена, што ме пресретна на вратата. Тој ја водеше под рака.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Пелагија, во деновите кога не се работеше, а тоа беа само неделните денови, ги отфрлаше машките пљачки, се пикнуваше во своите фустани и со момичката во раце и Мурџо крај нив, шеташе во маалото од улицата Ѓоновиќ сѐ онаму до шепотот на Вардар со надеж дека ќе пронајде некое одајче каде ќе можат да се преселат.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И токму сака да се провери ако ништо друго дали барем е тука благата жена која сигурно знае веќе колку пати поминувале од тука, кога ќе ја стресе еден пријатен, мил глас Ќерко мори златна со денови сноваш по уличкава, нема неделен ден а ти да не поминеш, што мака ти тежи, каква болка ти се свила во срцето та што ти го подгорела тоа убаво лице?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Беше неделен ден. Врапчето уште од утрото стоеше крај прозорецот и не сакаше да јаде.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)