Директорот на домашниот театар, сметајќи дека нашиот молк, значи и одобрување, охрабрен продолжи: - Голем е придонесот на генералисимус Сталин во ослободувањето на Европа од фашизмот по цена на милионски жртви, но неговата уште поголема заслуга е во триумфот на комунизмот над капитализмот и империјализмот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Можеме слободно да кажеме дека агресивноста на неолибералната политика, во Македонија во периодот 2010-2014 година претставува главен кулприт за контиунираната ерозија на работничките права, енормната класна раслоеност и намалениот животен стандард, кои се неопходен предуслов за остварување на што поголема „флексибилизација“ на трудот, што во пракса не е ништо друго освен еуфемизам кој означува дополнителна дерегулација на пазарот на трудот, намалување на вредноста на работникот во работниот процес, негова уште поголема експлоатација, обесправување и осиромашување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Го навади прво со својата пот коренот, а потоа седна под неговиот уште кревок стеблак и здивна: пак имаш сенка, синко Митруше.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)