Не сакаше да се оддалечи од сиџилите токму сега, кога веруваше дека, со помош на с поупатениот Сокол Мечевски, со споделените сиџилски тајни, ќе се најде пред духовниот дом на неговите дамна заминати и речиси исчезнати предци, по мајкина линија...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Беше сигурно дека бев наследил дел од татковата тишина која подоцна ја откривав меѓу редовите на неговите дамна читани книги, во дамките разлеана пепел од тутунот на занесните читања како негово живо присуство, многу години по неговото исчезнување.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)