негов (прид.) - цврст (прид.)

Цветан Горски, откако се поздрави со секретарот Сретен Јаворов, чувствувајќи го неговиот цврст стег, појде крај реката кон нашата куќа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И во еден момент ја почувствував неговата цврста рака како ме прегрнува и пријатно чувство проструи низ моето тело.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
„Тато, ме скокоткаш”, се смееше и се прпелкаше малечкиот во неговата цврста прегратка.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа замолча за миг за да дозволи ова да мине низ нејзиното постоење, и потоа го почувствува на себе притисокот од неговите цврсти прсти, само за миг, како да настапи принуден грч.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Неговата цврста фигура ги надвишуваше и двајцата, а изразот на неговото лице сѐ уште не можеше да се дешифрира.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ме подигна со неговите цврсти раце.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)