негов (прид.) - топол (прид.)

Се почувствував пријатно со мојата ситна дланка во неговата топла шака, дури некако потраа тој пријатен стисок.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Мислев колку е вистинит неговиот топол поглед.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Снегот почна да се фаќа врз неговата топла облека, кога од зад дрвата се покажа човек. Беше зол и исправен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сега му мирисаше во лицето вриејќи, се чувствуваше спокоен од таа негова топла миризба, го имаше безмалу мекото чувство на допирот, кога ќе се дофатат за да бидат скинати неколкуте стракови од таа белузлава и мовлива благородна билка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Меѓу стеблата во снегот стоеја вдлабнатинките од испаѓаниот окит, како единствени измешани дири, што покажуваа дека тука наодамна поминал со својот палав чекор на заводник тој јужен ветер, а потем отпатувал натаму во длабините на шумата, од каде што сега, заедно со она трубење, се слушаше како понекогаш прикрцкуваат гранките, кои сосема им се подале на неговите топли игриви прегратки, така за тој да може дури и да ги однесе на својот пат и остануваа скршени со онаа слатка болка на трудницата, или пак продолжуваа ритмично да го повторуваат своето занесено стенкање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Речиси, никогаш не ме болеше неговиот допир со памучето намокрено во ракија на моите расрквавени колена со кои ги стружев рапавите улички во Мичурин, најмалку еднаш во неделата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сѐ уште го чувствувам неговиот топол здив на вратот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Остана залепен крај водата. Снегот почна да се фаќа врз неговата топла облека, кога од зад дрвата се покажа човек. Беше зол и исправен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Човекот со кравите одамна беше отиден, но детето го гледаше со своите мисли, на истото место, на ист начин и ги слушаше неговите топли зборови: „Па ние веќе сме другари.“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)