негов (прид.) - познат (прид.)

Освен тоа, тој самиот честопати говореше и пишуваше, колку им должи на Мазачо, Учело, Мантења, Андреа дел Кастањо, Пјеро дела Франческо (“Јас бев сосем вљубен и пленет од периодот Кватроченто”), пренесувајќи го тоа и во своето сликарство, така што на едното од неговите познати платна можеме да го видиме како води пријателски разговор со Пјеро дела Франческа...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Иако Марко не бил познат во Солун, сепак некои охриѓани, негови познати, што живееле во градот, или велешани познати на гемиџиите, наминувале во бакалницата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Однекаде никна Пенчо. газеше со целите стапалки на оној негов познат војнички начин.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во осумдесеттите години интензивно работи на своите архитектонски проекти, пренесува многу свои идеи од ликовните уметности во градежништвото, а во средината на 80-те настанува неговата позната „Куќа Хундертвасер (Hundertvaser-Haus) во Виена.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Види, бога ти, треба човек да умре, па дури тогаш почнуваат неговите познати да го откриваат неговиот карактер и празнината што остана.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
29 КЕЈЏ Џон кејџ - partitura 1 Името на Џон Кејџ стана синоним за музичката авангарда од педесетите години наваму, посебно по неговите познати и сега веќе историски настапи во Меѓународното летно училиште за нова музика во Дармштад 1958 година.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Цело царство од одбрани суштества, фиксирани за сите времиња како сведоштво за нивното величествено постоење, во времињата што се вестеа, полни со неизвесност за луѓето и Езерото, за неговите познати и непознати жители.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На вратата ме чекаше лично тој, Величковски, со неговата позната лигава насмевка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кој беше тој, Јоханес Гризебах, со осквернета рака да ја симне маската и да открие дека зад неа нема никого?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Момчето се засрами: Парацелзус е шарлатан или обичен визионер, а тој, натрапник, му влезе низ врата и го натера сега да признае дека неговите познати магиски вештини се јалови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)