негов (прид.) - поетски (прид.)

Тој Хајдегеровата идеја за Sprache, за оригиналноста на јазикот, неговата поетска природа, ја сфаќа не толку во нејзиниот v�lkisch- es карактер, нејзиниот национален карактер, туку повеќе низ способноста да генерира нови метафори.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Далеку од тоа дека неговата поетска постапка можеме да ја протолкуваме како “делување според начинот на природата” бидејќи во случајното распоредување на распарчените јазични сегменти остануваме лишени од оној трансцендирачки елемент на говорот, неговата смисла.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Последната средба со поетот Махмуд Дарвиш ја имав кон крајот на 2007 година во Струга кога тој се овенча со поетскиот Златен ловоров венец на поезијата, вредувајќи се меѓу поетските великани во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше за мене исклучителна привилегија, покрај претставувањето на неговото поетско творештво во Катедралната црква Света Софија во Охрид, да ја дополнам живо, вон јазикот на енигматичните медиуми, празнината што ја имав за настаните по напуштањето на малата палестинска држава во Тунис и збогувањето со Јасер Арафат...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сепак, Тасо сѐ уште не е “кончетист” во смисла на субјективниот “кончетизам”, но кончетто е во средиште на неговата поезија и неговата поетска теорија.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Овде моќта е дадена во зборот во неговата основа, но и во неговата поетска форма, преку метафорните стихови, преку силните епитети, како и преку јасните персонифицирани мошне креативни слики.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Во врска со сето ова, како податок лично за себе, ќе кажам дека меѓу моите текстови има малку такви што се врзуваат во метафорика, и воопшто по изразните својства, со македонската народна поезија. т.е. што се пишувани , по обичното велење, во духот на народната поезија“, вели поетот Блаже Конески, соопштувајќи ни одредени посебности од неговиот поетски опит.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
При моите париски престојувања настојуваше да ги посетам пријателите од неговата поетска генерација Жан Тардје, Жан Фолен, Ремон Кено.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)