негов (прид.) - отворен (прид.)

Препознатливоста и лесната идентификација на поетовиот пев е дополнително сведоштво дека Анте Поповски прецизно ја кодирал својата поетска шифра во сопствениот јазик, па сега и кога пее со одглас на веќе испеаното, но и кога пее со залог во новото и (можеби) претстојното, читателот мигновено го спознава неговиот отворен, оригинален, јасен и засекогаш втемелен поетски идентитет.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Таа крв, како што верува со едно крајче на свеста но без страв и зачуденост, ќе потече низ неговите ноздри или низ устата полна со врел и застоен воздух, Пламените пци не го лижат со врелите јазици, Се собираат над него и ги забуцуваат усвитените муцки во неговата отворена утроба, се хранат со неговата глад, со неговата жед.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Старецот нечујно тргна по него и, одбирајќи момент, се фрли врз него.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Момчето беше моментно зашеметено, или попрво парализирано од страв; лежеше на тревата под мртовецот; неговите отворени очи на кутре гледаа во старецот, но свеста на момчето се беше собрала и повлекла во една точка.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Долго, долго во ноќта кога сите нѐ прифаќаше во своите прегратки сонот и во него шетаа нашите кози, тој остануваше во просторот што го означуваа зраците на ламбата врз неговата отворена книга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Текот на многу таткови мисли, можеше верно да се открива врз страниците на неговите отворени книги врз кои имаше истресено најмногу пепел – најмногу врз светите книги, нападната и разлеана врз редовите за време на неговите занесни читања кога забораваше да ја истресе во пепелникот што Мајка постојано го ставаше пред него.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)