негов (прид.) - остар (прид.)

— А сега, ако су јас домаќин и ме почитувате за таков, повелете сете кај мене в село на госје, — ги покани Толе сите и си го јавна Белчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некаков интелектуален жар, радост на педант кој открил некаков бескорисен факт, блесна низ нечистотијата на неговата остра брада.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го заплиснуваше со сите изглодани мрши и со сите свои соништа, она обезличено суштество на три нозе, кое просто цвичеше, сонувајќи за тоа свое очекување, лижејќи ги неговите стапалки во снегот, при што носалките му се собираа и му се грчеше неговата остра муцка, а притоа од таму доаѓаше и некое на прв поглед ќе речеш презриво, шеговито мрморење низ полузатворени очи, потсветнуваше едно чудно здрава белина на неговите очници, обвиткани во розовоста на неговите непца.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само уште некој ден ќе ти бидеме гости, не плаши се нема многу да ти додеваме, — му одговори Гарванов божем навреден од неговата остра постапка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)