негов (прид.) - непосреден (прид.)

Тоа, да има многу, премногу луѓе, со кои постојано, не по негова непосредна вина, се оддалечуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Приклученоста за машините секако имплицира нова антрополошка констелација и нов тип на субјективно осознавање, втемелено во општото спознание.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Татко ми требаше да го наследи неговото место, доколку сè одеше како и обично.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој не разговараше на оваа тема со неа, препушти работите да ги води Круме Волнаровски со неговите соработници, но лично ја надгледуваше нејзината активност во Центарот или информациите за тоа ги добиваше од Андон Клековски, негов непосреден доушник, контролор без одредено работно време и без конкретни обврски кои би биле видливи за клиентките.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Неговиот шеф, неговиот непосреден претпоставен, требаше да се пензионира.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Таа нова положба исто така пренасочува кон размислата за природата на осознавањето, неговите специфики и историчност, посебно поради тоа што постмодернистичката дилема и пресврт (замена на парадигмата) со право го релативизираат семоќниот дух (ум), неговиот непосреден примат над сетилното и (по општите претстави) од понизок ред сетилно осознавање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)