негов (прид.) - необичен (прид.)

Сето тоа пак, беше во функција на задоволување на „нагонот” да ја појми сопствената креа­тивност, т. н. (од него са­ми­от) „un mystere totale”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мила, утре завршува нашата мисија, наскоро ќе ги утврдиме, односно прогласиме стоте (без)опасни османизми со мојот пријател.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Расположено по страните на длабоките кањони на реката Јантра, по бреговите распослани на острите северни падини на Стара Планина, Трново не дозволува да се изнајде точка од каде што ќе се зајазило Трново, делумно и скржаво ги откриваат неговите необични убавини.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Неговата фасцинација од визуелната досетливост и богатство на духот кај децата, е поврзана со неговиот необичен личен однос кон сопствените спомени и импулси од детството кои што останатите возрасни така сигурно и претпазливо ги закопале вон досегот на свесноста.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Таа во мигот не можеше да ја разоткрие тајната на неговото необично расположение, но нејзините претпоставки дека тоа, сепак, е предизвикано од книгите, библиотеката, набргу се покажаа точни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)