негов (прид.) - мажествен (прид.)

Еден друг мој геј-пријател, додека сѐ уште бил основец, ја преработил автобиографијата на Кристина Крафорд Најмила мамичке и ја преточил во драма – само што ликот на Кристина го преобразил во машко, надевајќи се дека кога ќе се поставувала драмата, тој самиот ќе ја игра таа улога; промената на полот му овозможувала драмска улога што можела да посредува меѓу неговиот мажествен идентитет и неговата емоционална идентификација со абјектниот, но моќен мелодраматичен женствен пример.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Извесен мој геј-студент се сети дека еднаш, некој летен ден, кога бил многу помалечок (изгледа кога имал околу седум годинки), го заглавил целото свое запрепастено семејство на паркиралиштето пред некој супермаркет, каде што се изначекале додека да им ги изглуми сите улоги од Звукот на музиката или барем да им ги испее сите песни од филмот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И покрај тоа што тоа беше карактерно во канцеларијата и воопшто пред пониските, и само ако го погледнеше неговиот мажествен изглед и неговата става, секој ќе речеше: „Уф, каков карактер!“ – но тука тоа, слично на голем број други што имаат јуначки изглед, почувствувало таков страв, што дури не без причина почнало да стравува да не го удри некоја дамла.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во секој случај, тие изразуваат настрани начини на чувствување така што изнаоѓаат сопствени (дисидентски, девијантни) начини на поврзување со главнотековните културни предмети на кои им се изложени и така што се идентификуваат со особените аспекти на тие предмети кои се или нехетеронормативни или сеотворени за нехетеронормативно чувствување.372 Ова може да објасни зошто некои геј- или протогеј-машки субјекти гравитираат, уште рано, кон конкретни жанрови на дискурот и на чувствувањето, сосе нивните сродни културни облици (како што се холивудските мелодрами и бродвејските мјузикли).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако „ниеден дванаесетгодишник никогаш не бил одведен на психијатар и не му се молел на Христоса за помош затоа што собирал албуми со оригиналната екипа“, пишува Д. А. Милер, се покажало дека бродвејскиот мјузикл не е „ни трошка помал показател (за хомосексуалниот развој) од оние (други, попрепознатливи негови ‘знаци’) што биле страшно видливи уште од мигот кога се појавиле“.373 Се обидов да објаснам зошто, да укажам каква врска може да има конструирано поетиката на американската култура меѓу жанровите на дискурсот – или стиловите на изразувањето, односно видовите на општествена изведба – и облиците на сексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кочијашот, кога го слушнал гласот, каков што обично се употребува во решавачки моменти и кој дури се придружува со нешто уште поматеријално, ја вовлекол, за секој случај, главата меѓу рамената, шибнал со камшикот и појурил како стрела.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)