негов (прид.) - иден (прид.)

Од 1910 под влијание на скулптурите од Јужното море и на индиското ѕидно сликарство Ајантас (V- VII век н. е.) почнува да го нагласува волуменот на телата и да применува соседни наместо комплементарни бои. 1911 се сели во Берлин, и под влијание на неговата идна сопруга Ерна Шилинг почнува да слика нов тип витки жени.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Колку убавини да се среќаваат во Париз, сепак, кога се слуша за неговите идни развојни концепции, кои треба да станат стварност по триесетина години, кај секого оживува своевидна заинтересираност, зашто се смета дека во периферните длови на овој град ќе изникне нешто екстравагантно, нешто единствено, зашто се знае дека тоа се случува во најубавиот град на светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се разбира дека е погрешно да се гледа „Етант доне...“ како нешто малку повеќе од обичен визуелен документ за врската меѓу Дишан и Марија Мартинс.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не само што таблото зависи од теми кои Дишан ги начнал во претходните свои дела, туку и во финалната верзија тој свесно ги отстранил сите преостанати лични референци во „Етант доне...“ и неколку години по конечното прекинување на нивната врска (нејзиниот маж го преселил целото семејство во Бразил) Дишан изгледа дека го сменил идентитетот на женската фигура, менувајќи ѝ ја бојата на косата така што повеќе да одговара на бојата на косата на неговата идна жена Алексина Матис (позната како Тини), со која се оженил во 1954.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Доколку завладее со оваа нова, симболичка енергија на измолкнување, веќе нема да биде заплетен во играта, на оние невидливи облици на власт, во кои тој е истовремено и објект и инструмент.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Можеби најавената десакрализација ќе стане негова идна антисудбина.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Луѓето се насмеале кога попот им рекол дека животинчето му е како син и дека се вика Армодиј Давидовски и дека е заведен под реден број во црковната книга на родените, од татко Доситеј и од мајка Природа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веднаш оној главурдест Никодим смекнал од голтка благословено вино и од некои свои сеќавања за секакви улави старци од селата под планинската црногорица и радосно рекол дека сепак започнува моторизирањето на неговата идна дивизија - мајор е, ќе стане полковник, ќе дотера и без да го читал Марксовиот Манифест до комунистички генерал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имено, уште тогаш под перница му го ставаат планот на градот Загреб, таа ексклузивна цел на сте негови идни животни стремежи, место коешто тој, за да го исполни своето животно послание, мора да го освои и со кое во потполност мора да завладее.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Посигна бесвесно ко што може да рече сал неколку збора на негова идна жена...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Посигна безсвесно, ко што може да рече на негова идна жена...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
5 Но, тука симптоматично е тоа што тогашниот претседател на 149 велешкиот суд (Ш.Адеми) го усвои приговорот на тужениот дека миксетата, како дел од опремата, е суштински потребна за извршување на неговата работа т.е. „за понатамошно одржување на работниот минимум“, иако радиото воопшто не работеше, а немаше ни изгледи дека ќе се рестартира – па ја издвои од пописниот имот кој беше предмет за принудно извршување, иако токму оваа скапа миксета најмногу ќе му помогнеше на тужителот за неговата идна професија [всушност, тој отвори своја приватна маркетинг агенција].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како извршно средство, поради празната и блокирана сметка на Радиото, се користеше попис и проценка на имот со заплена на движни ствари [res mobiles].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)